• четврток, 27 јуни 2024
МИА Најави – МКД
8 јули 2021  Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“ /12:00) Брдо/Крањ – Неформален состанок на министрите за труд и социјални работи на ЕУ. Охрид – Министрите за локална самоуправа и за здравство, Горан Милевски и Венко Филипче ќе присуствуваат на промоција на проектот „Реконструкција и опрема на современ центар за физикална терапија во болницата ‘Св. Еразмо’“. (во просториите на болницата „Св.Еразмо“ /11:00) Скопје – Виртуелно промовирање и претставување на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија – 2021-2025. (преку каналот на Народната банка на YouTube /11:00) Скопје – Стопанската комора на Северна Македонија, со поддршка на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ - Е4Е@мк, организира конференција на тема: „Синергија на партнерите во обезбедување пазарно - ориентирано стручно образование и обука“. (х. „Белви“ /11:00, изјавите за медиумите се предвидени пред почетокот на настанот) Скопје – Јавен промотивен настан  за твининг проект финансиран од Европската Унија (ИПА програма 2018) „Подобрување на надворешната ревизија и Парламентарниот надзор“. (во Europe House /10:00) Скопје –  Триесет и седмо издание на бизнис нетворкинг настанот – Бизнис Кафе Македонија. (во градината на х. „Солун“ /19:00) Кратово – Претставување на физибилити студија за оправданоста на доделување на договор за воспоставување на јавното приватно партнерство за „Фотоволтна електроцентрала Страцин“. (Општина Кратово/ 10:00) Скопје – Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) ќе го одбележи јубилејот 30 години од неговото формирање. („Рагуза 360“, ул. „М.Х. Јасмин“1/1, кат 6/ 11:00) Скопје – Град Скопје ќе го презентира БРТ – системот на јавен превоз во Скопје. (х. „Хилтон“ /11:00, изјави за медиумите /11:30) Скопје – Промоција на книгата „Тешко ќе најдеш добар човек“ од Фланери О'Конор. (кафе-книжарница Буква /20:30) Скопје – Проекција на концертот на Јосипа Лисац. (Кинотека на Северна Македонија, на летната сцена „Мирно лето“ /20:30)
———————————————————————————————————— МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан