7 април 2021
Вашингтон - Почнуваат „виртуелните“ пролетни конференции на ММФ и Светска банка.
Рим - Видео состанок на министрите за финансии на Групата 20 најиндустријализирани земји во светот и земјите во развој.
Лондон - Објавување на годишниот извештај на меѓународната хуманитарна организација „Амнести Интернешнл“.
Вашингтон - Говор на американскиот претседател Џозеф Бајден за најавениот „историски план за инфраструктура“ вреден 2.000 милијарди долари.
Москва - Ерменскиот премиер Никол Пашињан во посета на Русија.
Нурсултан - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во дводневна посета на Казахстан.