• петок, 28 јуни 2024
МИА Најави МКД
28 април 2021 Брисел – Претседателот Стево Пендаровски втор ден престојува во работна посета на Брисел каде ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. (12:45, заедничка прес-конференција/13:15) Скопје – Седница за пратенички прашања на Собранието на Република Северна Македонија. (11:00) Скопје – Неформална средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со претставници на медиумите. (Собрание на РСМ, Кристална сала /10:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/14:00) Скопје – Славјанка Петровска, претседателка на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Парламентот на Словачката Република ќе се сретне со словачкиот заменик-министер за надворешни работи, Мартин Клус. (Собрание на РСМ, сала на Уставна комисија/15:00) Скопје – Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми ќе се сретне со словачкиот заменик-министер за надворешни работи, Мартин Клус. (Собрание на РСМ, сала на Влада/15:35) Скопје – Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров ќе го промовираат јавниот повик за стар-ап и спин-оф компании „Стартапувај 3“. (на македонски јазикhttps://youtu.be/jYbg1CvPlIE и на албански јазик: https://youtu.be/_Xqv8D6BbPw  /10:00) Гостивар - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе оствари средби со компании од преработувачката, градежната индустрија и угостителскиот сектор кои беа поддржани со мерки од програмите на Министерството за економија. (Изјави за медиумите кај новиот производствен погон на компанијата „Алмеро“, наплатна рампа, Индустриска зона Гостивар 15 / 13:00) Скопје – Прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски за набавката на нови униформи за потребите на Шумската полиција. (МЗШВ, голема сала / 10:00) Скопје – Седница на Судски совет на Република Северна Македонија. Скопје – Народниот правобранител Насер Зибери  на прес-конференција ќе го  презентира Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2020 година. (Клуб на пратениците, покриен дел од терасата на клубот / 11:00) Скопје - Институтот за европска политика – Скопје организира виртуелна конференција „Договор за стабилизација и асоцијација МК-ЕУ: Дваесет години и понатаму“. (платформа ZOOM /10:00) Скопје – Прес-конференција на Сојузот на синдикатите на Македонија. (Приземје во холот на зградата на ССМ / 9:45) Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. (на паркингот на автосалонот „Тојота“, на крстосницата на  ул. „Скупи“ со бул. „8 Септември“ / 12:00) Скопје - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го посети населеното место Чифлик во општина Петровец. (изјава за медиумите / 12:00) Скопје - Прес-конференција на пратеникот Димитар Апасиев на тема: „Патни трошоци на пратениците“. (Кристална сала во Собранието на РСМ / 12:00) Скопје - МЗЗПР ќе промовира Годишен извештај за случени несреќи на работните места за 2020 година и ќе бидат засадени 25 дрвца за загинати лица на работното место во минатата година. (Парк Лисиче, последната постојка на автобусите бр. 5 и 15 во продолжение на булеварот кон бензинската „Макпетрол“ /10:30) Скопје - Онлајн-промоција на реобјавени дела од Димитар Солев. (фејсбук-страница на „Арс Ламина“ / 19:00) ________________________________________________________________   ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан