• недела, 12 мај 2024
МИА Најави МКД
17 септември 2021  Битола – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, ќе извршат увид на завршните активности за реставрирање и адаптирање на Офицерскиот дом. (Офицерски дом/ 12:00) Скопје – Коалицијата „Сите за правично судење“ во соработка со Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), организира завршна конференција „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на планот на Владата за борба против корупцијата“. (х. „Солун“/ 11:00, изјави за медиумите пред почетокот на конференцијата) Скопје - Национална средба во организација на ЕЛИПСА - Асоцијација на граѓани, Центар за одржлив развој. (На Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА) Штип – Триесет и шесто издание на Фестивалот на музика „Макфест“. („Аквабела ресорт“/ 20:30) Прилеп – Оркестарот на Филхармонија ќе ја изведе симфониската поема „Петре и волкот“ од Сергеј Прокофјев. (Дом на култура „Марко Цепенков“/ 20:00) Кокино - Мултимедијален фестивал „КОКИНО – Тврдина на Сонцето“. (на локација кај мегалитската опсерваторија Кокино/ 16:30 – 23:00) Скопје – Прво издание на онлајн интернационален алтернативен фестивал „Театарски европски алтернативи“ STUM UND DRANG. (19:30 и 21:00) Скопје – Уметнички фестивал за живи статуи и останатите „Статуафест“ – Скопје. (ул. „Македонија“/ 18:30) Ресен – Завршува мултимедијалниот фестивал „Преспаленд“: - Во чест на народниот борец и поет Димитар Мите Богоевски, во истоименото училиште во Ресен, ќе биде отворен мурал посветен на неговиот лик и дело/10:00 -Отворање на ликовната изложба „Преспа во срцето“- Кирил Јоновски, најголемиот познавач и хроничар на Преспа. (Домот на културата/17:00) - Настап на „Toka Shite“ и концерт на Игор Џамбазов и Гуру Харе. (На амфитеатарот во Ресен/ 19:00 и 20:00) Скопје – Промоција на  книгата „Слаткозборки“ од  Александра Симова и илустраторката Ирина Атанаскова.  (КИЦ – Скопје/ 18:00) Гевгелија – Самостојна изложба „Политичка лиричност“ од авторот Перо Кованцалиев. (Изложбен простор на Уметничката галерија Амам – Гевгелија/ 19:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан