• вторник, 30 април 2024
МИА Најави МКД
28 август 2022 
Пробиштип/Ранковце/Крива Паланка - Премиерот Димитар Ковачевски во посета на општините Пробиштип, Ранковце и Крива Паланка.
- Во Пробиштип премиерот Ковачевски придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод одбележување на Денот на рударите. (11:00, не се предвидени изјави за медиуми)
- Во Општина Ранковце премиерот Ковачевски заедно со министерот Николовски и Феручо Бого, вршител на должност во Делегацијата на ЕУ ќе го одбележат завршувањето на изградбата на малиот нискотрошковен хидросистем за наводнување „Славишко поле“ финансирана со помош на фондовите на Европската Унија. (во село Псача/13:00, по завршувањето на официјалниот дел, предвидени се изјави, Линк до локација)
- Во Општина Крива Паланка, премиерот Ковачевски ќе направи увид на градежни активности во детската градинка „Детелинка“, каде градежните активности се во завршна фаза. (14:15 / Линк до локација )
Требиште, Голобрдо, Пустец - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе престојува во  работна посета на Албанија, каде ќе се сретне со повеќе преставници на македонското национално малцинство и на локалните самоуправи. (Требиште и Голобрдо/10:00 и Пустец/12:30)
Берово - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Берово. ( изјава за медиуми кај манастирот Успение на Пресвета Богородица /12:30 )
Скопје - Крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица во организација Црвен крст - Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина. (Дом на АРМ/9:00-17:00, изјави за медиуми пред Домот на АРМ/11:00) Струга - Свечено затворање на 61. Струшки вечери на поезијата со меѓународно поетско читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен Венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”. („Мост на поезија“ / 20:30) - Прогласување на добитникот на наградата „Енхалон”. (Прес – центар на СВП во хотел „Дрим“/00:00) Прилеп - Концерт насловен „Кој тоа чука на Врбјанска Чука?“ на истоимениот археолошки локалитет во организација на Центарот за истражување на предисторијата и Прилепскиот џез викенд. (19:00) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан