• среда, 03 јули 2024
МИА Најави МКД
8 април 2022 Скопје - Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе ги одржи 16-та, 22-та и 34-та седница. (Сала „Борис Трајковски“/11:00/11:15/11:30) Делфи - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува на Економскиот форум Делфи во Грција, каде ќе се обрати на панелот „Како кризата во Украина влијае на економиите во регионот“. Крива Паланка - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија, Џулијан Васало ќе го одбележат почетокот на градежните работи финансирани од ЕУ за малиот систем за наводнување во земјоделската област во селото Конопница. (Изјави за медиумите во с.Конопница, https://goo.gl/maps/qPUgLZRsirpAmAP19/11:15) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе одржи брифинг со новинарите. (Простории на Државната комисија за спречување на корупцијата/13:00) Скопје - Прес-конференција на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. (Простории на КСЗД, ул.„Даме Груев“ бр.1, поранешна ДКСК/10:00) Скопје - Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски ќе даде изјава за медиумите во врска со протестот кој се одвива во управата и правосудството. (пред Јавно обвинителство на Република Северна Македонија/10:30) Скопје - Прес-центарот на БТА во Скопје организира брифинг со стопанственици  (11.00) и претставници од високото образование на Бугарија.(16:00)  (ул. Никола Вапцаров 2)
Кавадарци - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев ќе присуствуваат на отворање на новиот Градскиот зелен пазар во Кавадарци. (10:00, изјава за медиуми)
Скопје - Свечена Академија по повод Интернационалниот ден на Ромите 8-ми април во организација на Демократски сили на Ромите. (Музеј на Народноослободителната борба/12:00)
Скопје - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ќе направат увид на улицата Славка Динкова каде што треба да почнат градежните работи за реконструкција. (9:30, по увидот на терен, предвидена е изјава за медиумите на крстосницата со улицата „Јустинијан Први“)
Скопје - Коалицијата МЕНУВАМЕ во партнерство со ПСУ „Алгоритам“-Скопје и ПСУ „Смарт“ од Нови Сад, Србија ќе одржат мултимедијален настан „Супер училишта Западен Балкан“ во организација на ПСУ „Алгоритам“. (Градски парк/12:00)  
Скопје - Промоција на монографијата „АКТ - Театарот низ фотографии" од Кире Галевски во рамките на 77. годишнина од постоењето на НУ Македонски народен театар. (МНТ, голема сцена/19:00)
Скопје - Промоција на книгата за деца „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова. (Книжарница „Литература.мк суперстор“, Скопје сити мол“/19:00)
Скопје - „Пејзажи на восхитот“ самостојна изложба на Дарко Алексовски. (МСУ – Скопје/20:00)
Скопје - Изведба на оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало. (Национална опера и балет/20:00) 
Скопје - Концерт на Н.У. Ансамбл за народни игри и песни „ТАНЕЦ“. (Дом на АРМ/20:00)
________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан