• петок, 28 јуни 2024
МИА Најави МКД
14 мај 2022  Берлин - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе учествува на неформалниот состанок на НАТО министрите за надворешните работи во Берлин.

Скопје - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција по повод отпочнувањето на капиталниот проект за реконструкција на сите улици во населбата Пржино. (ул.„Кочанска“ нас. Пржино/12:00)

Скопје - Заедничка кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, фокусирана на борбата против говорот на омраза и дискриминацијата. (Градскиот парк на влезот на „Школка/12:00)

Скопје - Здружението ХАЕ Македонија организира настан за ретката болест хередитарен ангиоедем (ХАЕ). (East Gate Mall/12:00)

Скопје - Меѓународна DevCon конференција од ИТ заедницата за ИТ заедницата. (City Hall/9:00) Скопје - Изведба на балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во рамките на оф-програмата на 50. „Мајски оперски вечери“. (Национална опера и балет/20:00) Скопје - Проекција на документарниот филм „Генерација: Буњуел, Лорка, Дали“ во режија на Хавиер Еспада и Алберт Монтон во пресрет на 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал. (Музеј на современата уметност Скопје/12:00) Битола - Отворање на 23-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата со претставата „Само глас“.  Скопје - Фестивалот „Џифони Македонија“ на шестата серија од „Џифони филмски денови“ ќе го прикаже италијанскиот филм за деца „Стаклено момче“ во режија на Самуеле Роси. (Кинотека/10:00) Скопје - Промоција на детски хорски песни во изведба на хорот „ Гласот на децата на Скопје“ во организација на Детскиот културен центар Карпош. (Градски парк, Школка/12:00)

Скопје - Отворање на изложбата на уметникот Славко Круниќ, од Белград, Р.Србија проследена со концерт на групата Deep Steady од Нови Сад . (Галерија МКЦ/19:30, концерт предф платото на МКЦ)

Скопје - Отворен ден во ЈП Лајка. (11:00 - 15:00)

Скопје - Триатлон натпревар Стопанска Триоги триатлон 2022 во организација на триатлон клубот „Триоги Рејсинг“. (СЦ „Борис Трајковски“/9:00)

__________________________________________________________________________***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан