• сабота, 21 декември 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД
5 декември 2020  Скопје - Министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски ќе присуствуват на отворањето на новиот објект „Прв Чекор“, како дел од Јавната установа за згрижување на деца од предучилишно образование, „Гоце Делчев“. (ул. 8, број 90б, населено место Миладиновци, општина Илинден, изјава за медиуми/11:00) Скопје - Дебата „АКТО АГОРА“ по повод 15 години од постоењето на Фестивалот за современа уметност „АКТО“ во организација на Факултетот за работи што не се учат и Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. (Zoom платформа/12:00) Скопје - Здружението на граѓани „Младите можат“ по повод одбележување на Денот на волонтерството – 5 Декември ќе одржи онлајн настан на кој ќе се дискутира за можностите за волонтирање и одржливоста на волонтерските програми. (преку стрим во живо од просториите на Млади Хаб/11:30 часот,  изјави за медиуми пред просториите на Млади Хаб/12:00) Скопје - Акција „Го чистиме Скопје во звуците на музиката“. (Авто полигон под Кале/10:00)   __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан