• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
20 февруари 2021 Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на Конференцијата на тема „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование. (х. „Хилтон“/10:00, а ќе се пренесува во живо на Facebook страницата и на YouTube каналот на претседателот Пендаровски) Струмица – Премиерот Зоран Заев и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската унија ќе ја посетат Струмица за да ја отворат новата Europe House заедно со градоначалникот Коста Јаневски. (изјави за медиумите пред зградата на Europe House/12:45) Велес - Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја посети Општата болница во Велес. (11:00 - изјави за медиумите по посетата пред влезот на болницата)  Скопје – Прес-конференција на претседателот на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) Томислав Гиевски. (пред зградата на МОН/13:40) Скопје - Иницијативниот одбор за одржување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ организира промоција на мотото под кое ќе се одржи 17 Вонреден Конгрес. (на просторот пред Музејот на македонската борба за  државност и самостојност/12:00) Скопје – Втор ден од петтото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање Skopje on Ice. (на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“/8:00) _________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан