• вторник, 02 јули 2024
МИА Најави МКД
17 септември 2020 Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 12. седница. (11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала „Борис Трајковски“/10:30) Скопје - Проштална средба на италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео со претседателот на Собранието Талат Џафери. (Стар кабинет/10:00) Скопје - Овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај во официјална посета на Република Северна Македонија: - Пристигнување на Цакај во Министерството за надворешни работи. (фото/видео инсерти/11:50), - тет-а-тет средба со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи.  (фото/видео инсерти пред почетокот на средбата, Кабинет на МНР/11:55-12:55), - прес-конференција на Османи и Цакај (приземје, хол на МНР/13:00-13:40) Скопје - Прес-конференција на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. (11:00) Скопје - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски ќе ја отвори работилницата за разгледување на нацрт на Студија со секторска анализа на земјоделието и руралниот развој наменета за Стратегијата за регионален развој на Република Северна Македонија за периодот 2020-2029 година. (х. „Александар Палас“/10:00) Скопје - Фондацијата Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс центарот за европски студии од Брисел организираат експертска панел дискусија: „Катедра Аденауер 2020: Постизборни предизвици и ЕУ перспективи". (Ragusa Rooftop, Катна гаража „26 Јули“, на ул. „Св. Кирил и Методиј“ 1/1/6-3/10:00) Скопје - Прес-конференција на законскиот застапник на Здружението МАККАНАБИС Скопје Костадин Дуковски. (пред главниот влез на Собранието/14:00) Скопје - Симпозиум на Здружението на судска медицина на тема „Предлог законски измени на Законот за вештаци“. (во отворениот простор на Кинотека, ул. „Никола Русински“ бр. 1/10:00) Скопје - Седма конференција за неуспесите на успешните „iFail (Јас Грешам)“. (ГТЦ, Зелена градина, кат 2/19:00) Скопје - Обуки за интегритет и заштита од корупција во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, финансиран од Европската Унија. (обуките ќе се одржуваат во две онлајн сесии – четврток и петок/10:00-13:00). Скопје - Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски ќе им додели сертификати на наставниците кои дадоа особен придонес во реализацијата на учењето од далечина .(во дворот на ОУ ,,Живко Брајковски“/10:30) Скопје - Концерт на Филхармонија со израелската виолончелистка Даниеле Акта. (20:00)

Скопје - Отворање на Европската филмска платформа наменета за филмска едукација на младите. (на платформата ZOOM/10:00)

Скопје - Почнува 14-то издание на МТФ СкупиФестивал 2020. (Куршумли ан во Скопска чаршија/20:00) Скопје - Изложба на слики „Најнови портрети 2020“ од Дејан Божиновски - Коска. (КИЦ, Изложбен салон – Империјал 2) _______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан