• вторник, 02 јули 2024
МИА Најави МКД
16 септември 2020 Атина – Премиерот Зоран Заев втор ден во работна посета на Грција.  Скопје - Прес-конференција на министерот за финансии Фатмир Бесими. (Министерство за финансии/11:00, медиумите да пристигнат најдоцна до 10:45) Скопје - Прес-конференција на НЛБ Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по повод потпишувањето на договор за две кредитни линии. (Дирекција на НЛБ Банка, „Мајка Тереза“ бр. 1/12:00) Скопје - Изјава на претседателот на Левица, Димитар Апасиев за четирите поднесени кривични пријави против него од страна на МВР, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Тања Милевска и Мерсиха Смаиловиќ. (пред зграда на ОЈО Скопје околу 10:30) Скопје - Граѓански буџетски форум за 2021 г. насловен „Моја заедница. Моја визија“ во организација на Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. во соработка со активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје - Драгана Велковска. (Градски парк, спроти бараките на Град Скопје/11:00) Велес - Трета иницијатива „За почист воздух“ на Националната коалиција за животна средина. (простории на ЕД „Вила Зора“, „Трајко Панов “бр.22/12:00) Скопје – Зелениот караван на ЦИВИЛ продолжува во Старата скопска чаршија(плоштад „Скендербег“/12:00) Скопје - Прес-конференција на Иницијативата против урбаното дивеење. (пред Општина Ѓорче Петров/10:00) Скопје - Онлајн панел дискусија на тема: „Влијанието на пандемијата од КОВИД-19 врз менталното здравје на граѓаните“, организиран од Здружението за ментално здравје Асоцијација Мисла,  поддржан од Цивика мобилитас во рамки на проектот Акција за поддршка на менталното здравје. Скопје - Со проекција на британскиот филм „Фани Лај“(2019) и култното ремек дело на Фелини „Осум и пол“ завршува 23-то издание на Скопје филм фестивал. (Кинотека/19:00 и 21:30) Скопје - Конференција: „Културниот туризам во афирмација на македонското културно наследство во Скопје и скопско“ во организација на Институтот за македонска литература. (во дворот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“/10:00) Скопје - Промоција на новиот интернационален музички проект на македонскиот артист Борис Цветановски и промоција на аудио и видео запис за првиот сингл со наслов "Translucent". (Каза Бар, Дебар Маало/19:00) Скопје - Детскиот културен центар „Карпош“ во соработка и поддржано од Град Скопје ја организира манифестацијата под мотото „Движи се за здравје“, која е традиционална и се одржува во склоп на Европската недела на движењето. (онлајн на ФБ страната и Youtubе каналот на Центарот/10:00-12:00) _______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан