• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
18  јуни 2020  Скопје - Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на Алијансата, кој заради глобалната пандемија, по втор пат се одржува преку заштитена видео-конференциска врска.

Скопје - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов ќе извршат увид во изградба на нов мост на р. Пчиња на патната делница Ражаничино – Долно Коњаре. (Изјави за медиуми /11:30)

Скопје - Подносителите на листи за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 15 јули 2020 година ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори. (ДИК /11:00)
Скопје - Сојузот на стопански комори на Македонија ќе одржи прес-конференција. (Пред ССК /10:30)
Скопје - Македонија2025 организира ексклузивен вебинар насловен „Претприемништво – Дали го имате она што е потребно за успех?“ (Entrepreneurism – Do You Have What It Takes?). (15:30)
Скопје - Туристичките агенции ќе одржат прес конференција на која ќе упатат барање до надлежните органи за помош во работењето. (Пред Министерство за економија /11:00)
Скопје - Промоција на најновата стихозбирка од Ива Дамјановски насловена „Двоумење“. (МКЦ плато /19:00)
Скопје - Онлајн промоција на книгата за деца „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски. (Платформа „Зум“ (Zoom), Фејсбук преку профилот на „Литература.мк“/19:00)
________________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан