• вторник, 07 мај 2024
МИА Најави МКД
3 јуни 2021 Скопје – Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 6/11:00) Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/13:00) Скопје -  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев ќе ја посетат полициската станица Карпош. (ул. „Иван Аговски“ бр.3, во Карпош 1, веднаш по посетата следуваат изјави/12:30) Скопје - Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија(ССМ), Дарко Димовски ќе одржат состанок. (во седиштето на ССМ, сала на 6-ти спрат, изјави за медиумите/12:00) Скопје – Прес-конференција на заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа, на која ќе биде презентиран Посебниот извештај за состојбата со неевидентираните деца во матичните книги на родени по примената на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени. (на зелениот покрив на Градскиот трговски центар – ГТЦ/10:30) Скопје – Народна банка организира нова работилница од веќе отпочнатиот серијал е-работилница за новинари посветена на супервизорската функција на Народната банка. (на платформата „Вебекс“/11:00) Скопје - Институтот за демократија и Советот за регионална соработка организираат меѓународна конференција на тема: „Време да се преселиме на Западен Балкан: Како диверзификацијата на синџирите на снабдување може да има корист за отпорноста на ЕУ“, поддржана од Центарот за меѓународно приватно претпријатие од Вашингтон. (на платформата ZOOM/15:00) Скопје – Едукативен вебинар а ефикасна трансформација на мали и средни претпријатија – „Дигитализација, сега“. (https://www.telekom.mk/vebinar.nspx/ 11:00) Скопје – Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“ – зборник од Првата зимска школа на МСМЈЛК. (на платформата ZOOM/12:00) Скопје – Промоција на нови книги за деца и млади од Венко Андоновски, Винка Саздова и Јагода Михајловска-Георгиева. (во Градски парк на „Школка“/18:00) Скопје – Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта. (20:00) Скопје - Литера 2021: Ексклузивна изложба на доајенот на детската илустрација Младен Туниќ. (Чифте амам) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан