• среда, 03 јули 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
24 септември 2021  Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала на Уставна комисија/10:00) Будимпешта  - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ќе учествува на Десеттиот состанок на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа. Скопје - Прес-конференција на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и потпишување на меморандум со Естонскиот центар за меѓународен развој. (Влада на РСМ, медија центар/11:00) Скопје - Заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми  и  ќе одржат прес-конференција.  (Простории на Управата, Плоштад Пресвета Богородица број 3/12:00)

Скопје - Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски ќе одржат прес-конференција. (Паркинг пред х.„Арка“/11:30)

Скопје - Македонско-германски форум “30 години независност на Северна Македонија -  Улогата на Собранието во демократијата” во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања - МК91. (х.„Александар Палас“/10:30) Охрид -  Меѓународна научна конференцијата на тема „Влијанието на високото образование врз општеството“ во организација на УКЛО. (х.„Метрпол“/11:00) Скопје - Панел дискусија на тема „Какви новини се потребни во средношколското организирање?“, во организација на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи.  („Europe House Skopje“/ 13:30) Скопје - Свечено отворање на VIII Симпозиум на Југо-Источна Европа за зеленчук и компир, во коорганизација на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје и Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. (Онлајн со регистрација на https://ishs8.org/registration/)

Скопје - Општинската Изборна Комисија – Гази Баба организира настан за потпишување на Кодексот за фер и демократски избори меѓу кандидатите за градоначалници на општина Гази Баба. (Објект на Домот на култура „Димитар Влахов“ во населба Автокоманда, на ул.„Лазар Поп Трајков“/11:00)

Скопје - Кандидатите за градоначалници на Општини Аеродром ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. (Сала за состаноци на Општина Аеродром/11:00) Битола - Кандидатите за градоначалник на Општина Битола ќе потпишат Кодекс за фер и демократски локални избори. (Општинска изборна комисија/12:00) Скопје - Меѓународна поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. (Музеј на македонската борба/19:30) Небрегво - Свечен настан „Блаже Конески минато - сегашност – иднина“ по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески и 20 години Фондација „Небрегово“ (Двор на домот „Блаже Конески“/11:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан