• четврток, 19 декември 2024
МИА Најави МКД
8 април 2021 Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со новоименуваната грузиска амбасадорка, Н.Е. Тамуна Лилуашвили. (Стар кабинет/10:00, камермани и фоторепортери)  Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со пратеничката Љатифе Шиковска и претставници на НВО од заедницата на Ромите по повод одбележување 50 години од Меѓународниот ден на Ромите. (Сала Длаборез/11:00) Скопје - Собрание на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 32 седница. (Голема сала/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/13:00)  Скопје - Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ ќе ја отвори онлајн дебатата на тема „Предизвиците за родовата еднаквост во процесот на носење одлуки“. (https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZEvc-qprDspG9Khde3RVaD72bYTQ9_QA9Qx/11:00) Скопје - Прес-конференција на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. (13:00/Пред ЈИЕ Универзитет - поранешна стоковна куќа  МОСТ)

Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија, Групацијата на обновливи извори на енергија (ГОИЕ) при Македонската енергетска асоцијација ќе одржат онлајн бирифнг на кој ќе ги презентираат Придобивките од малите хидроелектрани како еден од најефикасните извори и најзначаен обновлив извор на енергија и нивното социо-економско влијание во државата. (https://mchamber.webex.com/mchamber/j.php?MTID=mb6898a15c6d677a3588d1b813e802050/11:00)

Скопје - Евротинк ќе одржи брифинг со новинари на кој ќе ги презентира наодите од анкетно истражување ЕВРОМЕТАР. (https://meet.google.com/mgi-drjt-tei/9:30) Скопје - Телекомуникациската компанија А1 Македонија онлајн ќе ја одржи третата годишна конференција “Women in Digital 2021“. (https://www.linkedin.com/events/6783681935152619520/13:00) Скопје - FITRCLASSROOM: Иновации базирани на вештачка интелигенција во Северна Македонија, предизвици и можности во организација на Фонд за иновации и технолошки развој. (19:00) Скопје - Концерт насловен „Камерна приказна“ на кој како солисти ќе настапат Елена Дојчиновска (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). (Филхармонија/19:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан