• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
18 октомври 2021 
Скопје – Началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија ќе престојува во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. (Церемонија за пречек со воени почести пред МО/ 9:00, фоторепортерите и снимателите да пристигнат најдоцна/ 8:35) Рим – Меѓународното европско движење (EMI) ќе одржи состанок, на кој ќе се разговара за иднината на Европа и на Западен Балкан, а од македонското Европско движење е испратена порака во вид на Изјава што ќе биде пренесена на состанокот. Скопје – Свечено отворање на шестите „Отворени денови на Институтот за македонски јазик“. (Амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“/ 11:00) Скопје – Свечено отворање на „Денови на руската наука“. (Македонска академијана науките и уметностите, на платформата ZOOM, https://us02web.zoom.us/j/86735530771?pwd=c1dPVGp4ZTBXekhpMVVIN2RRUVlSQT09  / 11:00) Скопје – Отворање изложба на плакати „Complicate Simply“ на Скопскиот џез фестивал. (МКЦ, Галерија/ 19:00; ARETHA FRANKLIN: AMAZING GRACE (документарен филм), МКЦ, кино „Фросина“/ 20:00) Скопје – Отворање на изложбата „Убава е Македонија“ од Новица Трајковски. (Галерија „Метаноја“, ул. „Максим Горки“ бр. 19/ 12:00)
Локални избори 2021: Скопје – Прес-конференција на набљудувачката мисија на ОДИХР за локалните избори во Северна Македонија. (х. Лимак“, ул. „Јордан Мијалков“ 31, кат 6, на платформата ZOOM или во живо на www.facebook.com/osce.odihr  /15:00) ________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан