• петок, 28 јуни 2024
МИА Најави МКД
5 мај 2021  Скопје - Собранието на Р.епублика Северна Македонија ќе ги одржи 30, 34 и 39 седница. (Голема сала/12:00/12:10/12:20) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи работна средба со австрискиот пратеник во Европскиот парламент, Андреас Шидер. (Стар кабинет/10:00) Скопје - Копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Северна Македонија Биљал Касами ќе одржи средба со австрискиот пратеник во Европскиот парламент, Андреас Шидер. (Сала на Влада/11:30) Ресен - Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, ќе извршат увид на реновираниот објект на ОВР Ресен. (9:30, изјави за медиуми/9:50) Пробиштип - Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестици, Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе го посетат ЈП за извршување на водостопански услуги „Хидросистем Злетовица“ каде ќе одржат состанок со градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов, градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски и со директорот на ЈП Миле Илиевски. (Простории на ЈП, ул.„Цветко Тонев бр.3A, Пробиштип/12:00). По состанокот ќе се упатат кон локацијата на „Зафат 3“, каде ќе извршат увид на зафатната градба за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци. (https://maps.app.goo.gl/oMveCAyD1PcuuL9Z8, изјави за медиуми/13:15)

Скопје - Клиниката за детски болести и Макстил АД ќе потпишат Меморандум за реновирање на одделот Онкологија на Клиника за детски болести. (Клиника за детски болести/10:30)

Штип - Филолошкиот факултет при УГД ќе го одбележи Денот на македонскиот јазик и 100 – годишнината од раѓањето на Блаже Конески. (Плато пред НУ библиотека „Гоце Делчев“/13:00)

Скопје - Онлајн промоција на електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик. (Веб-страница на Владата на Република Северна Македонија/14:30)

Скопје - Трибина „Блаже Конески денес“ во организација на Културно-информативниот центар-Скопје. (Парк пред КИЦ, фејсбук страница на КИЦ/12:00) Скопје - Отворени денови на Катедрата за славистика, Филолошки факултет „Блаже Конески“. (https://zoom.us/j/4823365691?pwd=K0ljWXVMZ1Q2U1JuMFNqQUdBUFFNQT09/20:00) Скопје - Панел дискусија #ВозможноЕ да дадеме отпорност на екстремните климатски настани во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски промени. (https://www.youtube.com/watch?v=9mqIUx2dlAk/11:00)

Скопје - „НОСТАЛГИЈА“ изложба на графики од Иван Мегленов. (Галерија МКЦ, https://www.facebook.com/events/187057846572860)

__________________________________________________________________   ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини  

Остани поврзан