• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
3 февруари 2022 Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе има средба со новоименуваниот чешки амбасадор, Јарослав Лудва. (Стар кабинет/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Седница на Комитетот за односи меѓу заедниците. (Сала 6/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала на Уставна комисија/12:30) Брисел - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заменик-претседателот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска во работна посета на Брисел. Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и вршителот на работите во Амбасадата на САД, Ерик Мејер ќе присуствуваат на заокружувањето на проектот ,,Мобилен систем за снимање со камери“. (Во кругот на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај во Петровец/10:00)
Скопје - Министерот за здравство Беким Сали на средба со поглаварите на верските заедници по повод почитување на мерките за заштита од коронавирус и потенцирање на важноста на имунизацијата против КОВИД-19. (Галерија на Спомен куќата „Мајка Тереза", изјави за медиуми/11:15)

Струмица - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов ќе извршат увид во изградба на канализацискиот систем во населено место Банско. (Банско, изјави за медиуми/11:00)

Скопје - Меѓународен симпозиум за медиумска писменост и критичко размислување во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС). (преку Zoom платформата/11:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан