• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)
31 мај 2022  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 64., 39., 71., и 69. седница. (11.00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Сала 4/12:00) Скопје - Изјава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на Никица Бачовски. (Пред зградата на Собрание/10:45)  Скопје - Втор ден од Скопскиот економски и финансиски форум - СЕФФ.
Скопје - Претседателката на ЕБОР, Одил Рено Басо во посета на Северна Македонија.
Скопје - Началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Норвешка, генерал Еjрик Кристоферсен, кој е во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија,  ќе престојува во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. (пристигнување на медиуми во ГШ/9:15, фоторепортери и сниматели за фотографирање и видеоинсерти од церемонијата за пречек на влезот во Министерството и Генералштабот во 09.30)
- Церемонија за пречек со воени почести (9:30)
- Средба на генералот Кристоферсен со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со заменикот на министерот за одбрана, Башким Хасани по церемонијата.
- Отворен настан на гардата на Армијата на Република Северна Македонија и кралската гарда на Кралството Норвешка. (Плоштад „Македонија“/11:30)
Скопје -  Презентација на софтверско решение развиено во рамки на  проектот ВЕКТОР поддржан од НАТО Програмата за мир и безбедност, во кој крајни корисници се Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување. (Полициски центар „Ѓорче Петров/10:00)
Скопје - Фондација Метаморфозис ќе одржи конференција на тема „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“. (х.„Панорамика/12:00 и преку интернет платформата ZOOM)
Скопје -  Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски по повод почетокот на реализацијата на проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ ќе посети двајца корисници на помош од проектот и ќе им ги врачат решенијата. (изјави за медиуми пред домот на еден од корисниците, ул. „Христо Чернопеев“ бр.13/10:30)
Валандово - Дирекцијата за заштита и спасување организира обука за заштита и спасување од пожари. (Поранешна Караула/09.00- 13.00)
Скопје - Прогласување победнички зелени идеи 2022 во организација на Здружението за социјални иновации АРНО. (Центарот за социјални претпријатија до Меморијалната куќа на Мајка Тереза на ул. „Македонија“/15:20) 
Скопје - Црвениот крст на Град Скопје ќе организира Дефиле на хуманоста по повод Денот на основање на градската организација на Црвен крст. (старт на дефилето на ул.„Кочо Рацин“/18:00)
Скопје - Креативна едукативна работилница за деца за правилна селекција на електронскиот отпад и отпадните батерии, игровни активности и промоција на детска сликовница “Суперхерој Нула”, во организација на Нула отпад. (Парк на Франкофонија/17:00)
Скопје - Промоција на изданијата на Институтот за национална историја. (Музеј на македонската борба за самостојност/12:00)
Скопје - Промоција на книгата песни „Место за бегство“ на поетесата Вања Изова Велева. (Покрив на ГТЦ, „Зелена тераса“/19:30)
Скопје - Промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“. (Национална опера и балет, фоаје /19:00)
Скопје - Изведба на оперската претстава „Аида“ од Џузепе Верди. (Национална опера и балет/20:00) 
Скопје -  Вечер на германски филмови. (Кинотека/20:00)
Скопје -  Отворање на „ИМАГИНАРИУМ“ -  годишна изложба на Факултетот за арт и дизајн  при Европскиот универзитет Скопје. (20.00)

__________________________________________________________________________________  

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан