• недела, 22 декември 2024

МЗ: По средбата со приватните специјализанти, извештај е доставен до Влада

МЗ: По средбата со приватните специјализанти, извештај е доставен до Влада

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - По средбата со приватните специјализанти, изготвен е извештај и доставен до Владата. На некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да се видат нивните барања и можните решенија во овој предизборен период, информираат попладнево од Министерството за здравство.

- Министерството за здравство секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти, кои се важни во здравствениот систем. Во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Ставот на Министерството е позитивен, со цел да им се излезе во пресрет на приватните специјализанти, пишува во соопштението.

Во изминативе години, се додава во соопштението, платите на здравствените работници се покачија неколкупати и им се подобрија условите за работа. Со истиот пристап, нагласуваат од Министерството за здравство, ќе им се помогне и на приватните специјализанти.

Приватни специјализанти денеска најавија генерален штрајк од понеделник. Во денешното соопштение наведуваат дека и покрај одржаниот протест на приватни специјализанти на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан