• понеделник, 23 декември 2024

МЗТ Скопје Аеродром поразен од Морнар во АБА лигата

МЗТ Скопје Аеродром поразен од Морнар во АБА лигата
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром го претрпе петтиот пораз во шестиот натпревар од новата сезона во регионалната АБА лига, откако вечерва на домашен терен загуби од црногорски Морнар со 94-77. Кошаркарите на МЗТ Скопје добро го отворија натпреварот и по првата четвртина стекнаа предност од 27-22 која ја зачуваа до полувремето (47-44). Меѓутоа, продолжението донесе поинаква слика на паркетот во салата „Јане Сандански“. Гостите од Бар со серија од 9-0 на почетокот на третата четвртина направија резултатски пресврт за водство сигурно водство (53-47) кое не го испуштија до крајот на натпреварот. МЗТ Скопје во второто полувреме прикажа бледо издание и за 20 минути постигна скромни 30 кошеви. Најефикасен во составот од Аеродром беше Бојан Крстевски со 22 поени. Во седмото коло во АБА лигата, МЗТ Скопје Аеродром на 18 ноември ќе му гостува на ФМП. ег/дма/

Тагови

Остани поврзан