• вторник, 13 јануари 2026

МЖСПП: Екологијата и регионалниот развој во фокус на средбата Хоџа - Ќехаја

МЖСПП: Екологијата и регионалниот развој во фокус на средбата Хоџа - Ќехаја

Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, на која се разговараше за актуелната состојба и перспективите на билатералната соработка во областа на животната средина и просторното планирање.

Ккао што соопшти Министеството за животна средина и просторно планирање, Хоџа и Ќехаја на средбата „ги оценија пријателските односи и одличната соработка меѓу двете земји“.

-Тие ја истакнаа важноста на постојните документи и заеднички иницијативи, вклучувајќи го Меморандумот за разбирање од 2012 година за соработка во областа на животната средина, Договорот за економска соработка, како и регионалната иницијатива „Заедничка визија за Шар Планина“, која има цел заштита и одржлив развој на прекуграничните заштитени подрачја. Соговорниците ја истакнаа важноста на соработката во рамки на ИПА-Програмата за прекугранична соработка, како и на значајните инфраструктурни и економски проекти кои придонесуваат за зајакнување на врските меѓу двете земји, соопшти МЖСПП. 

Министерството додава дека на  средбата бил изразен „заеднички интерес за интензивирање на соработката во наредниот период, вклучувајќи и ревидирање на постојниот Меморандум меѓу двете држави“.

-Хоџа и Ќехаја ја реафирмираа посветеноста за зајакнување на билатералната и регионалната соработка во областа на заштитата на животната средина и зачувувањето на природното наследство, се наведува во соопштението. хс/вј/

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Остани поврзан