Меџити на свеченоста за новата академска година на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје
- Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ќе учествува и ќе има обраќање на свечената церемонија на започнување на новата академска година 2024/2025 на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ќе учествува и ќе има обраќање на свечената церемонија на започнување на новата академска година 2024/2025 на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити на настанот ќе биде придружуван од заменик министерот за образование и наука Љуљзим Алиу. цр/вг/
Фото: МИА архива