• недела, 17 ноември 2024

Меџити на Инвестициско-трговскиот форум меѓу Северна Македонија и Турција

Меџити на Инвестициско-трговскиот форум меѓу Северна Македонија и Турција

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на отворањето на Инвестициско-трговскиот форум меѓу Северна Македонија и Турција оценил дека овој настан е одлична можност да се истакнат силните врски меѓу Северна Македонија и Турција, а особено големиот потенцијал за напредок, заснован на многу пријателските односи.

-Економската соработка меѓу нашите две земји донесе бројни придобивки, додека турските инвестиции во Северна Македонија помогнаа во развојот на инфраструктурата и отворањето работни места, придонесувајќи за стабилноста и економскиот раст на Скопје, Тетово, Гостивар и Северна Македонија во целина, изјавил Меџити.

Како што соопшти неговиот Кабинет, Меџити посочил дека интересот на нашите бизниси да ги искористат можностите на турскиот пазар е голем, додека инвестициите од Турција се охрабрувачки и се модел како се развива вистински бизнис.

-Во овој контекст, Форумот за инвестиции и трговија игра клучна улога, бидејќи нуди платформа за размена на идеи, искуства и за создавање нови врски. Тоа е одлична можност да се истражат можностите за соработка во различни сектори, од градежништво и производство до технологија и услуги, истакнал Меџити.

На Форумот присуствувале бизнисмени од Турција и Северна Македонија, претседатели на стопански комори, пратеници и амбасадори. хс/са/

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање 

 

Остани поврзан