• вторник, 17 декември 2024

Меџити: ЕУ преку холандскиот амбасадор информира дека ДУИ стана главна кочница за интеграција на земјата во ЕУ

Меџити: ЕУ преку холандскиот амбасадор информира дека ДУИ стана главна кочница за интеграција на земјата во ЕУ

Скопје, 11 јануари 2023 (МИА) - Претседателот на Демократско движење, Изет Меџити, на денешната прес-конференција рече дека Европската Унија преку холандскиот амбасадор информираше дека Демократска унија за интеграција стана главната кочница за интеграцијата на земјата во ЕУ.

-Вчерашниот состанок на амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп, и Али Ахмети, како и пораката пренесена на овој состанок од страна на амбасадорот, уште еднаш даде до знаење пред пошироката јавност дека ДУИ е вистинската пречка за интеграција на земјата во Европска Унија со сите нивни анти-европски и анти-демократски дејствија, и нивните секојдневни коруптивни скандали, изјави Меџити.

Тој нагласи дека на следните избори ќе се одлучи меѓу Европскиот сојуз за промена кои, како што кажа, се стремат кон вистинската борба против криминалот и корупцијата, да ги вратат демократијата и владеењето на правото, и меѓу другите, кои како што рече, го гледаат единствениот спас во враќањето на Никола Груевски, за што бил и притисокот концентриран кон претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

На новинарско прашање до каде се преговорите со Алијанса за Албанците за коалиција, Меџити одговори дека преговорите се при крај и дека интензивно преговараат со претседателот на АА, Арбен Таравари, но за тоа рече дека ќе одлучат сами заедно со нивното членство.

Додека во однос на прашањето кој ќе биде кандидатот на нивната коалиција за преговори, со оглед на озборувањето дека тоа можеби ќе биде Руфи Османи, тој рече дека се уште разговараат кој ќе биде, дека имаат разговори и со Руфи Османи, но и со други потенцијални кандидати, но сепак нагласи дека рано е да се определи кандидатот со оглед на тоа што во коалицијата може да има уште партии, невладини организации и други структури кои може да се приклучат и дека заедно со нив ќе го одлучат кандидатот за претседателски избори.

Поврзано со членот во Државната изборна комисија, Меџити истакна дека фактот дека се уште не е избран нивен член во ДИК покажува дека тие се исплашени, алудирајќи најверојатно на власта, и истакна дека уште пред да почнат изборите со ова тие будат сомнежи за можно фалсификување на наредните избори.

Во однос на истото, тој вели дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, не барал предлог од АА за член во ДИК туку барал предлог од новоформирана владина партија и дека тоа е доволен аргумент дека, како што кажа, тие се влезени во нешто од коешто не знаат да излезат.

-Уште еднаш ги повикувам да ги почитуваат законите, инаку ќе бидеме принудени да бараме мислење и од надлежните судови и да поднесеме и кривични пријави за злоупотреба на функцијата претседател на Собранието, односно на господинот Џафери, додаде Меџити. сх/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан