• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мењан доби суспензија поради навреда на судија

Мењан доби суспензија поради навреда на судија

Милано, 4 март 2025 (МИА) - Стартниот голман на Милан, Мајк Мењан е суспендиран на еден натпревар, пишува весникот „Газета дело спорт“. Францускиот интернационалец ќе го пропушти следниот натпревар на „росонерите“ откако го навредувал судијата по поразот од Лацио (1:2).

-Казната е поради тоа што на враќање во тунелот по мечот со Лацио се однесувал без почит кон судијата, се вели во извештајот на Дисциплинската комисија.

Еден меч суспендиран доби и неговиот соиграч од Милан, Страхиња Павловиќ, но тој доби црвен картон за време на мечот со „орлите“ .

Меѓу казнетите по 27. коло во италијанската Серија „А“ се и Џанлука Манчини од Рома и Николо Заниоло од Фиорентина. дс

Фото: Архива

Остани поврзан