Меѓународен симпозиум „Рак на дојка – Современи пристапи“
- Во организација на Здружението Езра и Аџибадем Систина, по повод светскиот месец на рак на дојка, денеска ќе се одржи Меѓународен симпозиум „Рак на дојка – Современи пристапи“.
Скопје, 10 октомври 2025 (МИА) - Во организација на Здружението Езра и Аџибадем Систина, по повод светскиот месец на рак на дојка, денеска ќе се одржи Меѓународен симпозиум „Рак на дојка – Современи пристапи“.
Како што информираат од Здружението Езра, на симпозиумот ќе учествуваат истакнати лекари од Македонија, Турција и Албанија, кои ќе ги споделат најновите практики и искуства во дијагностицирањето и лекувањето на ракот на дојка.
-Ретка можност да се добие увид во современи медицински знаења и експертиза! Консултации со специјалисти: хирурзи, радиолози, онколози и патолози од Македонија, Турција и Албанија, посочуваат од „Езра“. фф/лв/
Фото: Здружение Езра