• четврток, 27 јуни 2024

Мечка усмртена од возило на патот Гостивар - Охрид

Мечка усмртена од возило на патот Гостивар - Охрид

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Мечка е усмртена откако во неа изутрина удрило возило на патниот правец Гостивар Охрид, а нема повредени лица. 

Според пријавата на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, сообраќајната несреќа се случила  во 05.37 часот кај вториот каменолом на патот Гостивар Охрид. 

- На местото на несреќата, присутни се полициски службеници од полициска станица Гостивар и увидна екипа. Исто така, известени се и Националниот парк Маврово и ТППЕ - Гостивар за отстранување на починатата мечка од магистралниот пат, информира Регионалнит центар за управување со кризи - Тетово.  бд/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан