• петок, 22 ноември 2024

Мецола ќе ја додели наградата Сахаров за слобода на мислата за 2023 година

Мецола ќе ја додели наградата Сахаров за слобода на мислата за 2023 година

Стразбур, 12 декември 2023 (МИА) - Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска ќе им ја додели наградата Сахаров за слобода на мислата за 2023 година на Џина Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ во Иран.

-Семејството на Махса Амини, која почина откако беше уапсена минатата година поради непочитување на правилата за носење хиџаб во Иран, нема да може да патува во Франција. Роднините на Махса ги имаа потребните визи за патување, но не можеа да се качат во авионот за да го напуштат Иран, изјави адвокатката Ширин Ардакани, додавајќи дека им биле одземени пасошите. Наместо нив, на церемонијата ќе присуствува нивниот адвокат, Салех Никбахт.

Наградата Сахаров се доделува во областа на човековите права и беше доделена во октомври минатата година на Махса Амини и на протестното движење, познато како „Жени, живот, слобода“. Протестите беа задушени од властите, за кои иранските активисти за човекови права велат дека убиле стотици демонстранти. Илјадници луѓе беа уапсени.

Наградата Сахаров за слобода на мислата, која првпат беше доделена во 1988 година на Нелсон Мандела и Анатолиј Марченко, е највисокото признание што Европската унија го доделува за работата за човекови права. 

Тоа е гест на признание за поединци, групи и организации кои дале исклучителен придонес во заштитата на слободата на мислата. Наградата Сахаров и паричен износ од 50 илјади евра се доделуваат на официјална пленарна седница на ЕП во Стразбур на крајот од секоја година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан