• недела, 15 септември 2024

Меси се врати во игра и постигна два гола за успех на Интер

Меси се врати во игра и постигна два гола за успех на Интер

Мајами, 15 септември 2024 (МИА) - Лионел Меси се врати по долго отсуство, постигнувајќи два гола и асистенција на третиот, а Интер Мајами ја победи Филаделфија Унион со 3:1 во американската МЛС лига.

Аргентинскиот напаѓач и осумкратен освојувач на „Златната топка“ нема играно за Интер Мајами од 1 јуни поради репрезентативни обврски и повреда на десниот зглоб, заработена во победата над Колумбија во финалето на Копа Америка на 14 јули.

Меси, кој продолжи со тренинзите пред три недели, постигна два гола во период од четири минути на средината на првото полувреме. Без него, Мајами забележа 8 победи и 2 порази и избори пласман во плеј-офот на шампионатот.

Луис Суарез се истакна со гол и асистенција. Тој погоди по додавањето на Меси во осмата минута од дополнителното време во вториот дел за конечни 3:1. Тоа беше 17-ти гол за Суарез сезонава. Уште еден негов гол во 45. минута беше поништен поради офсајд.

Пред неговото отсуство, Меси (37) имаше 12 гола и 13 асистенции во 12 првенствени натпревари оваа сезона.

Двата клуба продолжуваат со нови натпревари во вторник. Интер Мајами ќе гостува во Атланта, а Унион во ФК Њујорк Сити. дс

Фото: Архива

Остани поврзан