• петок, 05 декември 2025

Меси по поразот од ПСЖ: Си заминуваме горди што ја постигнавме нашата цел

Меси по поразот од ПСЖ: Си заминуваме горди што ја постигнавме нашата цел

Мајами, 30 јуни 2025 (МИА) - Американскиот клуб Интер Мајами со гордост го напушта Светското клупско првенство на ФИФА. Ова го напиша на својот Инстаграм профил капитенот на тимот, осумкратниот освојувач на „Златната топка“ Лионел Меси. Во осминафиналето, Интер Мајами загуби од францускиот шампион и победник во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен, со 0:4.

-За нас, Светското клупско првенство заврши со пораз од актуелниот победник на Лигата на шампионите, каде што има играчи кои ги ценам и беше задоволство повторно да ги видам. Си заминуваме со гордост што ја постигнавме нашата цел да влеземе во најдобрите 16 на турнирот, напиша Аргентинецот.

Од 2021 до 2023 година, Меси играше за ПСЖ, со кого двапати го освои француското првенство и еднаш Суперкупот на земјата. Вкупно, тој одигра 75 натпревари за Парижаните, постигнувајќи 32 гола и запишувајќи 35 асистенции. дс

Фото: Принтскрин

Тагови

Остани поврзан