• вторник, 17 декември 2024

Меси и Роналдо не се најдоа во тимот на годината на ФИФПРО

Меси и Роналдо не се најдоа во тимот на годината на ФИФПРО

Париз, 9 декември 2024 (МИА) - Меѓународната федерација на асоцијации на професионални фудбалери (ФИФПРО) го претстави својот симболичен тим на годината.

Меѓу номинираните имаше 26 фудбалери, а во конечниот состав на симболичниот тим не се најдоа аргентинскиот напаѓач на Интер Мајами, Лионел Меси и португалскиот напаѓач на Ал-Наср, Кристијано Роналдо.

Во гласањето учествуваа 21.266 фудбалери.

Голман: Едерсон (Манчестер Сити, Бразил);

Одбрана: Даниел Карвахал (Реал Мадрид, Шпанија), Антонио Рудигер (Реал Мадрид, Германија), Вирџил ван Дајк (Ливерпул, Холандија).

Среден ред: Кевин Де Брујне (Манчестер сити, Белгија), Родри (Реал Мадрид, Шпанија), Тони Крос (Реал Мадрид, Германија), Џуд Белингем (Реал Мадрид, Англија).

Напад: Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид, Франција), Ерлинг Халанд (Манчестер сити, Норвешка), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид, Бразил). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан