• сабота, 29 јуни 2024

Меси го постигна најбрзиот гол во кариерата

Меси го постигна најбрзиот гол во кариерата

Пекинг, 15 јуни 2023 (МИА) - Лионел Меси го постигна најбрзиот гол во кариерата. Фудбалерот на репрезентацијата на Аргентина попладнево го отвори резултатот на пријателскиот натпревар против Австралија во Пекинг. Голот беше постигнат 1 минута и 19 секунди по почетокот на средбата.

 

Ова е најбрзиот гол во кариерата на Лионел. Претходно, негов најдобар учинок беше голот против Челзи во 2018 година, кога му беа потребни 2 минути и 7 секунди.

 

Така Меси за првпат во кариерата постигна гол веќе во втората минута од натпреварот. Сега на негово конто нема голови само во првата минута. 

 

Аргентинците го добија натпреварот со 2:0. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан