• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа

Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа

Берлин, 7 април 2025 (МИА) – Фридрих Мерц, шефот на германската ЦДУ, кој се очекува да ја преземе функцијата германски канцелар, предупреди дека ситуацијата на светските пазари на акции и обврзници може дополнително да се влоши.

- Пазарите се во драматична состојба што се заканува со понатамошна дестабилизација, рече Мерц.

Тој нагласи дека сега „поважно од кога било е Германија што побрзо да ја врати меѓународната конкурентност“, а ова прашање треба да биде во центарот на коалициските преговори на неговата конзервативна опција со социјалдемократите.

Мерц е за пониски даноци, намалување на бирократијата и пониски цени на енергијата. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан