• петок, 05 декември 2025

Мерц: Германија ќе воспостави воздушен мост за помош на Газа со поддршка од Јордан

Мерц: Германија ќе воспостави воздушен мост за помош на Газа со поддршка од Јордан

Берлин, 28 јули 2025 (МИА) – Германија планира да воспостави воздушен мост за доставување хуманитарна помош во Појасот Газа со поддршка од Јордан, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Операцијата треба да почне „веднаш“, рече тој по состанокот на Кабинетот за безбедност во Берлин.

Министерот за одбрана, Борис Писториус, тесно ќе соработува со Франција и Велика Британија, кои и двете изразија подготвеност да се приклучат на напорите за транспорт на храна и помош, додаде Мерц.

- Знаеме дека ова може да биде само мала помош за луѓето во Газа. Но, барем тоа е придонес што со задоволство го даваме, рече германскиот канцелар.

Големиот недостиг на храна и вода во Газа предизвика предупредувања од агенциите на ОН за „катастрофален глад“ и ризик од непосреден глад на затворената палестинска територија.

Јордан служи како клучен центар за испорака на хуманитарна помош во Газа и во последните два дена доставуваше храна со падобрани на територијата. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан