• вторник, 17 декември 2024

Мерцедес го претстави болидот за сезоната 2024

Мерцедес го претстави болидот за сезоната 2024

Лондон, 14 февруари 2024 (МИА) - Мерцедес го промовира својот нов болид за сезоната во Формула 1 2024 година. Автомобилот го доби името „W15“.

Во тимското соопштение стои дека автомобилот има ново куќиште за шасија и менувач. Аеродинамички, фокусот е ставен на ефикасноста и наоѓање поголема надолна сила со помал отпор.

- Многу внимание беше посветено на подобрување на непредвидливата задна оска на претходниот болид. Тимот работеше напорно за да се осигура дека двете оски, но особено задната, одржуваат подобра контрола на гумите отколку на „W14“. Извршена е одредена работа и во области каде што би можеле да ја подобриме ситуацијата, вклучително и ефектот на „DRS“ и ефикасноста на застанувањето во боксот, се вели во информацијата на Мерцедес./

Луис Хамилтон и Џорџ Расел ќе продолжат да се натпреваруваат за тимот и во новата сезона. зс/

Фото: Фејсбук Мерцедес

Остани поврзан