• понеделник, 23 декември 2024

Мертенс би требало да заздрави за реваншот со Барселона

Мертенс би требало да заздрави за реваншот со Барселона
Неапол, 26 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс, нема да може да му помогне на својот тим во следните десетина дена поради повредата добиена во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со Барселона (1:1). Триесет и двегодишниот Белгиец се здоби со повреда на стапалото по дуелот со играчот од средниот ред на Каталонците, Серхио Бускетс. Според новинарот на „Скај спорт Италија“ Џанлуика ди Марцио, Мертенс ќе пропушти 10 дена и ќе има време да закрепне за повратниот меч со Барселона, што ќе се одржи на 18 март. Мертенс вчера го постигна 121. гол за Наполи и сега го дели првото место во клупската историја со Марек Хамшик. зс/

Остани поврзан