• вторник, 17 декември 2024

Мерко: Имаме квалитет да одиграме добри квалификации

Мерко: Имаме квалитет да одиграме добри квалификации

Скопје, 17 февруари 2023 (МИА) – Македонската репрезентација составена од фудбалерки до 19 години одигра два пријателски натпревара со Кипар на гостински терен и двата завршија нерешно.

Селекторот Астрит Мерко е задоволен од изданијата на неговите избранички кои на првиот натпревар одигран на во средата одиграа 2:2, а денес беше 0:0.

- Овие два натпревара беа одлична можност да се провери квалитетот на играта и подготвеноста на играчите во пресрет на квалификацискиот турнир на кој ќе бидеме домаќини во април. Сметам дека имаме капацитет да прикажеме добра игра во квалификациите, како и дека ваквите подготвителни натпревари се од исклучителна важност особено за младите фудбалерки, изјави Мерко. зс/

Остани поврзан