• понеделник, 23 декември 2024

Мексиканските власти ги спасија киднапираните мигранти

Мексиканските власти ги спасија киднапираните мигранти

Мексико Сити, 4 јануари 2024 (МИА) - Мексиканските власти спасија 31 мигрант, меѓу кои и жени и деца, кои беа киднапирани во текот на викендот во северната мексиканска држава Тамаулипас, соопштија локалните власти.

Претседателскиот портпарол, Хесус Рамирез го потврди спасувањето на социјалната мрежа „Х“, истакнувајќи дека мигрантите се преземени од властите и веќе поминуваат на соодветни медицински прегледи.

-Мигрантите се безбедни и здрави, напиша министерката за внатрешни работи, Луиза Алкалде на „X“.

Вооружени напаѓачи во саботата киднапираа мигранти од автобус на автопат во општината Рејноса, во близина на границата на Мексико со САД. Автобусот се упатил кон градот Матаморос, кој се наоѓа спроти Браунсвил, Тексас.

Мексиканската министерка за безбедност Роса Исела Родригез претходно вчера изјави дека киднапираните мигранти се од Венецуела, Еквадор, Колумбија, Хондурас и Мексико. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан