• четврток, 19 декември 2024

Медицински сестри во САД заработиле 1,5 милиони долари од фалсификување сертификати за вакцинација

Медицински сестри во САД заработиле 1,5 милиони долари од фалсификување сертификати за вакцинација
Њујорк, 29 јануари 2022 (МИА) - Две медицински сестри од Лонг Ајленд се обвинети за фалсификување сертификати за вакцинација, заработувајќи повеќе од 1,5 милиони долари, јавија американски медиуми, повикувајќи се на обвинителството и полицијата. На Џули Де Вуоно, сопственичка на здравствен центар, и нејзината вработена Мариса Ураро вчера им се судеше. Обвиителот на округот Сафолк, Рејмонд Тирни, рече дека Де Вуоно и Ураро обезбедиле лажни сертификати, наплаќајќи им на возрасните по 220 долари, а на децата по 85 долари. Двете медицински сестри внесувале неточни информации во државната база на податоци за вакцинација. Полицијата го претреса домот на Де Вуоно и пронајдоа околу 900.000 долари во готовина и сметководствена тетратка која евидентирала повеќе од 1,5 милиони долари приходи од криминалната шема. зш/

Остани поврзан