• недела, 17 ноември 2024

Медведев се откажа од одбрана на титулата во Доха

Медведев се откажа од одбрана на титулата во Доха

 

Доха, 16 февруари 2024 (МИА) – Рускиот тенисер Данил Медведев нема да ја брани титулата на АТП турнирот „Катар Опен“ од серијата 250 што идната недела ќе се одржи во Доха, наведувајќи како причина повреда на стапалото.

Медведев од истата причина не се појави на овонеделниот АТП 500 турнир во Ротердам каде, исто така, требаше да ја брани титулата освоена лани.

„За жал, не сум во состојба да ја бранам титулата во Доха оваа година. Сè уште не сум сто отсто подготвен за натпреварување“, порача рускиот тенисер во објава на Инстаграм.

Покрај Медведев, настапот во Доха претходно го откажа и шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој, исто така, се рехабилитира од повреда. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан