• сабота, 06 декември 2025

МВР: Санкции за 161 возач во јули поради непрописно вградени фолии

МВР: Санкции за 161 возач во јули поради непрописно вградени фолии

Скопје, 6 август 2025 (МИА) - За еден месец имало 161 санкција за непрописно вградени фолии, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 1 до 31 јули, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спровел сообраќајни контроли на територија на државава за санкционирање возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

- При контролата, санкционирани се 161 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, истакнаа од МВР.

Оттаму нагласија дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан