• понеделник, 23 декември 2024

МВР: Расчистен е нападот во Техномаркет, насилниците се приведени пред месец и пол, аелираме да не се шират лажни вести 

МВР: Расчистен е нападот во Техномаркет, насилниците се приведени пред месец и пол, аелираме да не се шират лажни вести 

Скопје, 11 ноември 2023

Во врска со видео материјалот кој е објавен вечерва на неколку портали, со тврдење дека станува збор за денешен настан, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека станува збор за настан од месец септември, кој е целосно расчистен и насилниците се приведени.

Имено, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.09.2023 ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје поради основано сомнение дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје.

Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор.

Апелираме да не се шират лажни вести кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните.

Сектор за односи со јавност и протокол

Министерство за внатрешни работи

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан