• четврток, 18 јули 2024

МВР: Приведен бегалец од затвор во Скопје

МВР: Приведен бегалец од затвор во Скопје

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) - На територија на Маџари во Скопје денеска околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Д. (26), кој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на затворска казна од една година и 10 месеци и бегство од КПУ Затвор Скопје.

Како што информираат денеска од МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. сст/дма/

Остани поврзан