• понеделник, 23 декември 2024

МВР: Приведени двајца разбојници во Скопје

МВР: Приведени двајца разбојници во Скопје
Скопје, 29 јуни (2022) - Полицијата денеска ги лиши од слобода М.С. (18) и еден малолетник, двајцата од Скопје, кои се сомничат дека на 4 јуни 2022 година на улица „Миле Поп Јорданов“ со употреба на електрошок од скопјанецот З.М. одзеле чанта со лични документи и платежна картичка, која ја употребиле на неколку бензински станици. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, бил пронајден електрошокот и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело. - Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. ар/сп/

Остани поврзан