МВР: Лишени четири лица и одземени 11 возила при акција на ОВР Прилеп за спречување на бесправна сеча
- Полицијата при засилени активности на територијата на ОВР Прилеп во изминатите неколку дена лишила од слобода четири лица и одзела 11 возила кои се користеле за транспорт на бесправно исечена
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) - Полицијата при засилени активности на територијата на ОВР Прилеп во изминатите неколку дена лишила од слобода четири лица и одзела 11 возила кои се користеле за транспорт на бесправно исечена дрвна маса.
Одделението за внатрешни работи Прилеп, како што информираат од МВР, во периодот од 28.05.2021 до 03.06.2021 презела засилени активности за откривање и спречување на бесправна сеча, транспорт, складирање и трговија со огревно дрвна маса.
- Во овој период привремено се одземени 11 возила кои се користеле за транспорт на дрвна маса, а одземена е и поголема количина на дрвна маса, која била предадена на шумската полиција. Исто така, во наведениот период од слобода се лишени четири лица, за кои по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Основното јавно обвинителство Прилеп, се вели во соопштението до МВР. аа/дма/