• понеделник, 23 декември 2024

МВР: Изборниот процес помина во безбедна, мирна и демократска атмосфера, без пречки и поголеми инциденти

МВР: Изборниот процес помина во безбедна, мирна и демократска атмосфера, без пречки и поголеми инциденти

Скопје, 24 април 2024 (МИА) - Изборниот процес помина без пречки и поголеми инциденти. Во текот на денешниот ден евидентирани се вкупно 12 случаи на фотографирање на гласачкото ливче, два случаи на кинење на гласачкото ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање на гласачко мести. Не се евидентирани други посериозни инциденти и нарушување на регуларноста на изборниот процес, информираа техничкиот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев.

Изборниот ден, Тошковски оцени дека поминал во безбедна, мирна и демократска атмосфера.

-Овие избори беа уште еден тест за демократијата и во таа насока, сакам да им честитам на граѓаните кои излегоа и ја исполнија својата граѓанска должност и со тоа уште еднаш го истакнаа демократскиот капацитет на државата и значењето на нивната активна улога во градењето на инклузивно општетсво, порача Тошковски.

На подрачјето на СВР Скопје, во врска со пријава за испукана димна бомба, Тошковски информира дека од страна на тимот за антитероризам извршена е проверка и подигната е направата.

-  Врз основа на претходно поднесени пријави од МВР констатирани се шест прекршоци по член 190 од Изборниот законик, а ќе бидат поднесени и две кривични пријави – една за повреда на тајност на гласањето по член 163 од КЗ и една за повреда на избирачко право, казниво по член 159 од КЗ, изјави Тошковски.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, изрази благодарност за директорот Сашо Тасевски, кој раководел со централниот штаб и подштабовите на ниво на република, кои во изминатиот период ги собрале сите потребни оперативни информации за денот на гласањето да помине во одлична демократска атмосфера.  

- Благодарност до граѓаните, македонската полиција, медиумите и сите за се што направивте денешниот ден да помине во фер, демократска и слободна атмосфера, изјави Бојмацалиев.  аа/ац/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан