• вторник, 19 ноември 2024

МВР: За безбедноста на 4 февруари не се ангажирани припадници на бугарската полиција

МВР: За безбедноста на 4 февруари не се ангажирани припадници на бугарската полиција

Скопје, 2 февруари 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вечерва ги демантираше информациите дека за безбедноста во сабота кога ќе се одбележува 151-годишнината од раѓањето на Годе Делчев ќе бидат ангажирани и бугарски полицајци.

-Станува збор за комплетна дезинформација и извртување на факти, имајќи ги предвид соопштенијата кои деновиве, во пресрет на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев ги сподели МВР со јавноста, како и неколкуте медиумски гостувања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски токму на оваа тема, што за еден новинар, кој без да праша, а притоа пласира небулози криејќи се зад потписот „Администратор“ е недозволиво и срамно, реагира МВР на пишувањата на портаролот „Макпрес“.

Од МВР потенцираат дека македонската полиција постапува самостојно, по претходно изготвен оперативен план и е подготвена во целост, не само за овој настан, туку и за сите настани, да направи сѐ за да ги сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните.- Со изнесувањето на овие дезинформации, порталот Макпрес ги доведува во заблуда граѓаните на Република Северна Македонија и наместо да помогне во достоинствено одбележување на роденденот на великанот Делчев, што подразбира ангажирано и одговорно пренесување на проверени информации, а не одработување за нечии деструктивни влијанија со пласирање лаги кои имаат за цел само да наштетат не само на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, туку и на угледот на државата, се вели во демантот од Министерството за внатрешни работи.Бараат порталот да го повлече текстот и да се извини, а тоа да го сторат и сите останати портали кои го пренеле. бак/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан