• недела, 07 јули 2024
МВР Билтен

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - На 04.07.2024 во 16.45 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Н.Ј.(42) од Свети Николе.

При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 04.07.2024 во 12.15 часот на ул.„Железничка“ во Штип полициски службеници од СВР Штип го привеле М.П.(40) од Штип, а во 13.00 часот на ул.„Ваташка“ во Штип го привеле и Б.Д.(64) од Штип.

М.П. бил баран со писмена наредба од  Основен суд Штип за издржување на затворска казна од една година, поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Б.Д., пак, бил  баран со судска наредба за издржување казна затвор по член 235-а за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. М.П. и Б.Д. биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

На 04.07.2024 во 18.20 часот во Скопје на подрачјето на Чаир полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(29) и Ф.Е.(27), двајцата од Тетово, поради тоа што при извршен преглед во патничкото  возило кое го управувал Ф.Е., била пронајдена и одземена марихуана.

Малку подоцна, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле претрес во нивните домови во Тетово, при што во домот на А.А. била пронајдена дигитална вага со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.07.2024 во 14.50 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода М.С.(45) од Охрид.

При преглед извршен во неговото патничко возило „хонда акорд“ со охридски регистарски ознаки, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.07.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.07.2024 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(19) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.07.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Б.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.07.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.З.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.07.2024 во 15.10 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода Н.Р.Ј.М.(53) од Велика Британија, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека го пречекорила дозволениот престој во државата.

Таа била предадена на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.  

Во текот на вчерашниот ден (04.07.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 223 возачи.

Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 93 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување, пет мерки за некористење на сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

На 04.07.2024 од 17.00 до 23.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола во сообраќајот.

При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 74 прекршоци (ТЕ-33 и ГВ-41), од кои 41 (ГВ) ја пречекориле максимално дозволената брзина, и тоа 34 надвор од населено место и 7 во населено место, 25 (ТЕ) биле погрешно или непрописно паркирани, едно возило имало технички неисправности, 2 возила (ТЕ) биле со поминат рок на важност на сообраќајната дозвола, а 2 возачи (ТЕ), поради управување возило без положен возачки испит. При контролата, исто така, санкционирани се и 15 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-2).

На 04.07.2024 година околу 21.10 часот на регионален пат Тетово - с. Волковија, поточно кај  тетовска Брвеница, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(43) од тетовско Прељубиште и велосипед управуван од 57-годишната Р.Р. од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Р., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

На 04.07.2024 од 17.00 до 23.00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на Струга и Кичево, полициските службеници затекнале 34 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Струга-12), Кичево-22).

На 04.07.2024 во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што го управувала С.Г.(38) од Охрид, удрило во пешакот Б.П.(22) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

На 04.07.2024 во 07.00 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, на место викано „Чагор“,  патничко возило „фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(19) од Крушево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите сопатници М.К.(18) од с.Врбоец, крушевско и П.Р.(45) од Крушево, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.

На 04.07.2024 во 22.30 часот  во СВР Велес, Т.Д.(66) од Велес пријавил дека во село Нежилово, општина Чашка, бил каснат од куче скитник. сст/


 

 

 

 

Остани поврзан