• четврток, 04 јули 2024
МВР Билтен

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - На 24.06.2024 околу 20.30 часот во СВР Струмица од страна на Центарот за управување со кризи било пријавено дека малолетничка од Струмица движејќи се на патека кон манастирот „Свети Илија“, во близина на Струмица, паднала во дупка и се здобила со повреди. По примената пријава, од страна на полициски службеник е стапено во телефонски контакт со малолетничката, по што била утврдена и локацијата на која се наоѓа. Од страна на полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица веднаш било излезено на лице место и по кратко време девојчето било пронајдено, а во координација со пожарникари од ТППЕ Струмица била извлечена од местото и предадена на екипа на Медицински центар Струмица.

На 24.06.2024  во 17.50 часот во Градско, во близина на локалитетот Стоби, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.А.(32) и Е.С.(40), двајцата од Прилеп, кои одзеле предмети од  викендица во близина на локалитетот Стоби, сопственост на С.С.(61) од Скопје. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а при извршениот преглед кај Е.С. биле пронајдени и одземени и фалсификувани банкноти. Н.А. и Е.С. се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 24.06.2024 во 14.30 часот во село Бистренци, демиркаписко, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода И.Л.(42), Р.А.(42), двајцата од Кавадарци и А.Ј.(33) од село Војшанци, неготинско, кои извршиле кривично дело кражба од куќа во село Војшанци, неготинско, сопственост на Б.Н.(66) од Неготино. Одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. И.Л., Р.А. и А.Ј. биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 24.06.2024 во 22.05 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на улица „Првомајска“ во Валандово патничко возило „опел корса’’ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30) од Струмица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ѓ.А.(29) од Штип, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник. Повредите биле констатирани во болницата во Валандово. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се 80 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола десет санкции, шест мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли...

На 24.06.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Славка Динкова“ и ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(41), удрило во велосипед управуван од З.С.(61), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил  велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 24.06.2024 во 00.50 часот на улица „Смилевски конгрес“ во Битола од страна на полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот лишен е од слобода З.Б. (31) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против лицето ќе следи соодветен поднесок.

На 24.06.2024 во 11.25 часот во Полициската станица Демир Хисар, било пријавено дека на место викано „Чагор“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(71) од Прилеп, и патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од  М.Т.(22) од Демир Хисар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Демир Хисар.

На 24.06.2024 во 13:45 часот во СВР Битола од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување е пријавено дека во старата касарна зад јужната трибина на Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола се пронајдени 10 артилериски гранати 75 мм од Првата светска војна, кои се безбедно подигнати и обезбедени.

На 24.06.2024 во 17.50 часот во СВР Велес, било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во с.Иванковци, велешко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од малолетник и мотоцикл управуван од Ѓ.Д.(33), двајцата од с.Иванковци, велешко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен вил увид од увидна екипа на СВР Велес.

На 24.06.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Т.(21) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На  24.06.2024 во  15.40 часот во Полициската станица Драчево, Б.С.(35) од Скопје пријавила дека во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 24.06.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Центар, М.М.(43) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар била касната од куче скитник.

Фото: МИА

Остани поврзан